Свет

Ново предупредување во Непал: Езеро се прелева, стравуваат од нова разорна поплава

По катастрофалните поплави во Непал, езеро формирано по уривање на глечер почна да се прелева, а властите стравуваат од нов поплавен бран.

Ново предупредување во Непал: Езеро се прелева, стравуваат од нова разорна поплава

Спасувачите се повлекуваат од најризичните подрачја

По катастрофалните поплави во Непал и Кина, на границата се појави нова опасност откако езеро формирано по уривање на глечер почна да се прелева. Властите стравуваат дека природната брана која ја задржува водата може да попушти и да предизвика нов моќен поплавен бран. Поради опасноста, дел од кинеските и непалските спасувачки тимови се повлекоа од најзагрозените области, а жителите се упатуваат кон повисоките места. Во досегашните поплави загинаа стотици луѓе, додека речиси 1.000 лица сè уште се водат како исчезнати.

Езерото содржи повеќе од 2,5 милиони кубни метри вода

Количината на вода во езерото веќе надминала 2,5 милиони кубни метри, а властите предупредуваат дека во следните три дена може да пристигнат дополнителни три милиони кубни метри. Највисокиот прилив се очекува околу 1 септември, што дополнително го зголемува ризикот од попуштање на природната брана. Во областа се очекуваат и нови врнежи, кои може да предизвикаат лизгања на земјиштето, свлечишта и ненадејни поплави. Како можна мерка за намалување на опасноста се разгледува ископување дренажен канал низ природната брана.

ОЗНАКИ: Непал