Македонија

Од 1 септември нови правила на скопскиот аеродром: бесплатно до 10 минути само еднаш дневно

Од 1 септември нови правила на скопскиот аеродром: бесплатно до 10 минути само еднаш дневно

Десет минути бесплатно, но само еднаш во 24 часа

Од 1 септември 2026 година ТАВ Македонија воведува нови правила за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје. Зоната и понатаму ќе овозможува бесплатно кратко запирање до 10 минути за оставање или преземање патници, но секое возило ќе може да ја користи оваа можност само еднаш во текот на 24 часа. Со автоматското препознавање на регистарските таблички ќе се контролира пристапот и ќе се овозможи подобар проток на возила, особено во периодите со зголемена фреквенција.

За подолг престој достапен големиот паркинг

Од ТАВ Македонија велат дека промената има цел да се намалат гужвите и да се обезбеди побезбеден и поефикасен пристап до терминалот. За оние кои имаат потреба од подолг престој, останува достапен големиот паркинг пред терминалната зграда, со 1.200 места за автомобили и шест места за автобуси. За престој подолг од бесплатните 10 минути во зоната „Hug & Fly“ ќе се применуваат редовните цени за паркирање.