Регион
Дознај прв
Македонија и Србија прават нов енергетски чекор: Денеска договор за гасовод
Македонија и Србија денеска потпишуваат договор за интерконективен гасовод, кој треба да ги поврзе двете национални гасоводни мрежи.

Интерконекторот ќе ја поврзе македонската и српската мрежа преку гасовод
Македонија и Србија денеска, 27 август, ќе го потпишат договорот за реализација на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Со потпишувањето започнува имплементацијата на проектот кој треба да ја поврзе македонската со српската национална гасоводна мрежа. Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на официјалниот почеток на реализацијата на проектот.
Гасот од Александрополис би стигнувал до Централна Европа
Според најавите, интерконекторот е дел од поширока мрежа која треба да овозможи поврзување на терминалот за течен природен гас во Александрополис преку Македонија и Србија со пазарите во Централна Европа. Мицкоски претходно изјави дека капацитетот на северниот интерконектор би се движел меѓу три и шест милијарди кубни метри годишно. Проектот, според него, треба да придонесе за поголема диверзификација на снабдувањето и да овозможи транспорт на гас кон Србија и понатаму кон Унгарија и Австрија.
