Македонија
Дознај прв
ОРГАНИЗИРАЛЕ БОРБИ СО КУЧИЊА: Полицијата уапси двајца гостиварци
Полицијата уапси двајца гостиварци осомничени дека организирале нелегални борби со кучиња кај селото Топлица.

Двајца жители на гостиварските села Топлица и Чегране биле лишени од слобода под сомнение дека организирале нелегални борби со кучиња. Полицијата ги затекнала лицата и група граѓани на влезот во селото Топлица, каде што биле пронајдени и кучиња со видливи повреди. Според информациите од МВР, постои сомнение дека лицата претходно се договориле да ја организираат борбата.
Едно од повредените кучиња било пронајдено во автомобил
Полициските службеници од Полициското одделение Галате извршиле увид на местото на настанот. При контролата, едно повредено куче било пронајдено во патничко возило „фиат“. Полицијата ги привела 44-годишниот Г.Ј. од Топлица и 46-годишниот А.А. од Чегране.
Ќе следува соодветна пријава
Двајцата осомничени биле задржани во полициска станица поради основано сомнение дека сториле кривично дело „мачење животни“. Случајот дополнително се документира од надлежните служби. По завршувањето на постапката, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
