Македонија

ПАМЕТНИ ГРАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: ЕУ додели грант од два милиони евра за автоматизирани терминали

Македонија доби грант од два милиони евра од ЕУ за паметни граници, дигитални ваги и целосно автоматизирани царински терминали.

ПАМЕТНИ ГРАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: ЕУ додели грант од два милиони евра за автоматизирани терминали

Царинската управа започнува проект за воведување паметни граници и целосна автоматизација на граничните терминали во Македонија. За модернизацијата на граничната инфраструктура Европската Унија обезбедила грант во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас, веќе е потпишан договор со изведувачот за набавка на потребната опрема.

Товарните возила ќе се евидентираат за неколку секунди

Постојните рампи и ваги ќе бидат заменети со нови дигитални системи и напредни аналитички видеокамери. На тој начин увозот, извозот и транзитот ќе се евидентираат автоматски, само неколку секунди по влегувањето на товарното возило на царинскиот терминал. Автоматските ваги и рампи ќе бидат поврзани со видеонадзор и систем за препознавање регистарски таблички.

Помалку чекање и поефикасна контрола

Од Царинската управа очекуваат автоматизацијата да овозможи побрз проток на стоките и намалување на времето на чекање и трошоците за економските оператори. Новите системи треба да ја зголемат ефикасноста на контролата, да го забрзаат протокот на легалната трговија и да го намалат влијанието на човечкиот фактор. Проектот треба да биде целосно имплементиран до средината на 2027 година.

ОЗНАКИ: граници
Жан Митрев