Македонија

„ПАМЕТНА КАНТА“ ШТО ЗБОРУВА ВО БИТОЛА: Необична акција ги поттикна граѓаните правилно да го фрлаат отпадот

Паметна канта што зборува беше поставена на битолското шеталиште и преку интерактивни пораки ги поттикнуваше граѓаните правилно да го одлагаат отпадот.

„ПАМЕТНА КАНТА“ ШТО ЗБОРУВА ВО БИТОЛА: Необична акција ги поттикна граѓаните правилно да го фрлаат отпадот

Интерактивна инсталација на градското шеталиште

На градското шеталиште во Битола беше поставена „паметна канта“ што зборува и преку интерактивни пораки ги поттикнува минувачите правилно да го одлагаат отпадот. Герила-акцијата ја реализираше Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола, со цел да ја подигне јавната свест за заштитата на животната средина. Необичната инсталација предизвикала голем интерес кај граѓани од различни возрасти, кои активно се вклучувале во нејзината едукативна порака. Организаторите нагласуваат дека секој поединец има важна улога во создавањето почиста, поуредена и позелена Битола.

Планирани инвестиции во зеленило и управување со отпадот

Акцијата се надоврзува на мерките од Програмата за животна средина на Општина Битола за 2026 година. Предвидена е изработка на стратегија за развој на зеленилото со буџет од 1,5 милиони денари, како и поставување подземни садови за комунален отпад, за што се обезбедени три милиони денари. Од здружението посочуваат дека со едукативни активности, активно учество на граѓаните и реализација на локалните мерки, Битола може да стане поодржлив град. Герила-акцијата е спроведена во рамките на швајцарскиот проект „Програма за поддршка на изборите“, имплементиран од ИФЕС.

ОЗНАКИ: битола