Македонија
Дознај прв
КОВАЧКИ: Тие што со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како „талог“
Драган Ковачки порача дека политичарите кои со децении ја влечеле државата во кал самите се препознале во квалификацијата „талог“.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук упати остри критики до политичари кои, како што наведе, самите се препознале во квалификацијата „талог“, иако никој директно не ги посочил со име.
Според Ковачки, станува збор за луѓе кои немаат ниту еден ден работен стаж надвор од своите „успешни“ политички кариери и кои со децении ги влечат државата и општеството во кал.
„Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку наследство“, напиша Ковачки.
Тој во објавата додаде дека нивното однесување се пренесува со генерации, оценувајќи дека дедото се поклонувал пред едни, таткото пред други, а внукот го следи правецот на ветерот и однапред се наведнува.
Ковачки посочи дека политичките адреси се менуваат, но однесувањето останува непроменето.
„Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва. Адресата се менува, но држењето, односно виткањето, не“, наведе тој.
Во продолжение на објавата, Ковачки ја употреби и народната изрека дека „трета генерација исправен ’рбет не памети“.
Според него, измеќарството било издигнато на ниво на политичка доктрина и се претставувало како единствен разумен пат, со цел одредени политички структури да си ја зголемат сопствената вредност.
Ковачки оцени дека со таквиот пристап тие, всушност, ја намалуваат сопствената цена, а истовремено ја креваат летвичката за сопствената татковина.
„Македонија нема време за губење со таквите структури. Одиме напред“, порача Ковачки.