Хроника

ПО ДВЕ ГОДИНИ РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ ТРПОВСКИ: Осомничени сопружници, Обвинителството бара притвор

По две години, маж и жена се осомничени за убиството на лекарот Ацо Трповски во Железара. Обвинителството бара притвор. Еве ги деталите.

ПО ДВЕ ГОДИНИ РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ ТРПОВСКИ: Осомничени сопружници, Обвинителството бара притвор

Маж и жена се осомничени за убиството на лекарот Ацо Трповски во Железара

Маж на возраст од 65 години и неговата сопруга се осомничени за убиството на лекарот Ацо Трповски, кој пред две години беше пронајден починат во автомобил во близина на Поликлиниката Железара.

Жената го договорила состанокот

Според Обвинителството, жената се договорила со Трповски да се сретнат на местото, по што пристигнал и нејзиниот сопруг. По вербална расправија, мажот го нападнал лекарот со нож, при што Трповски починал.

Осомничените потоа го преместиле телото и автомобилот го однеле на паркингот кај поликлиниката. Жената, според истрагата, ги избришала трагите од возилото, по што двајцата го напуштиле местото.

Обвинителството бара притвор

Скопското обвинителство и МВР обезбедиле докази против сопружниците, а до судијата за претходна постапка е доставен предлог за определување притвор.

Првично беа приведени и други лица, но подоцна беа ослободени, а беше соопштено дека случајот не бил поврзан со лекарската професија на Трповски.

Извор: Слободен печат