Скопје

ПОБАРАЛ ФИСКАЛНА ВО ЧАРШИЈА, ДОБИЛ ЛИВЧЕ – Умејр Муамеди со низа реакции

Објава на социјалните мрежи предизвика бројни реакции откако правникот Умејр Муамеди објави дека во Старата скопска чаршија, наместо фискална сметка, добил рачно напишана пресметка

ПОБАРАЛ ФИСКАЛНА ВО ЧАРШИЈА, ДОБИЛ ЛИВЧЕ –  Умејр Муамеди со низа реакции

Објава на социјалните мрежи предизвика бројни реакции откако правникот Умејр Муамеди објави дека во Старата скопска чаршија, наместо фискална сметка, добил рачно напишана пресметка. Тој тврди дека побарал фискална сметка, но наместо неа му била донесена обична хартија со пресметка. Во објавата наведува дека ваквата практика е незаконска и навредлива кон муштериите. Посочува дека, според неговото искуство, вакво нешто не видел ниту во Африка и додава дека инспекциите подоцна се соочуваат со негодување од дел од угостителите. Истовремено нагласува дека во Чаршијата има и локали кои редовно издаваат фискални сметки и покрај тоа што се помали. Неговата објава за кратко време предизвика голем број коментари и споделувања на социјалните мрежи.

Жан Митрев