Скопје
Дознај прв
ПОМОШ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: 410 деца добиваат ранци, прибор и 3.000 денари
Општина Ѓорче Петров за 410 првачиња обезбедува бесплатни ранци, училишен прибор, 3.000 денари финансиска поддршка и бесплатна ужинка.

Општина Ѓорче Петров и оваа година обезбедува конкретна поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. Во основните училишта на територијата на општината се очекуваат 410 првачиња, а секое од нив ќе добие бесплатно анатомско ранче и училишен прибор. Дополнително, со почетокот на учебната година, секое прваче ќе добие и еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари.
Поддршка и за ужинка
Покрај ранчето, училишниот прибор и паричната помош, општината обезбедува и бесплатна ужинка за секое прваче. Во изборот на ранчињата учествувале и идните првачиња од детската градинка „Росица“, со што најмладите биле вклучени во подготовките за нивниот прв училишен ден.
Целта е полесен почеток на учебната година
Од Општината велат дека мерките треба да им помогнат на семејствата во периодот кога трошоците за почетокот на учебната година се зголемени. Паралелно, се нагласува дека инвестициите во образованието и подобрувањето на условите во училиштата остануваат меѓу приоритетите на локалната самоуправа. На овој начин, за секое дете кое за првпат седнува во училишна клупа се обезбедуваат еднакви услови за старт.
