Македонија

ПОЖАРОТ НАВЛЕЗЕ ВО ДЕЛОВИ ОД ЧАНИШТЕ: Зафатени куќи во прилепското село

Пожар навлезе во делови од прилепското село Чаниште, каде се зафатени неколку куќи. Нема повредени жители или пожарникари.

ПОЖАРОТ НАВЛЕЗЕ ВО ДЕЛОВИ ОД ЧАНИШТЕ: Зафатени куќи во прилепското село

Пожарот навлегол во делови од прилепското село Чаниште, при што се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а најверојатно и една населена куќа.

Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, во пожарот нема повредени жители, ниту пожарникари. Пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот.

Се очекуваат повеќе детали наскоро.