Регион

ПРИШТИНА ВО СОЛЗИ ПО ПРЕСУДАТА: Со плачење и свирежи беше дочекана одлуката за долгогодишен затвор на лидерите на УЧК

ПРИШТИНА ВО СОЛЗИ ПО ПРЕСУДАТА: Со плачење и свирежи беше дочекана одлуката за долгогодишен затвор на лидерите на УЧК
Фото: Ројтерс / Омар Хавана

На плоштадот во Приштина, приврзаници на УЧК со солзи и негодување ја пречекаа пресудата за поранешните команданти на организацијата. Специјализираните совети на Косово во Хаг денеска ги осудија Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за воени злосторства. Тачи и Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Весели на 18, а Селими на 13 години. Во казните се засметува и времето што го поминале во притвор. Незадоволните присутни свиреле и извикувале „УЧК“ по објавувањето на пресудата. Потоа тие започнале протестен марш низ Приштина. Пресудата е првостепена.

Погледнете повеќе од фотогалеријата.

Извор: Ројтерс

Повеќе може да погледнете и на нашиот Инстаграм.

ОЗНАКИ: учк