Регион
Дознај прв
ПУКОТНИЦА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Албанец пукал во воздух, полицијата го уапсила па го пуштила
Пукотница пред бар на плажа во Анависос, Грција. Албанецот Алкет Ризај бил уапсен, па пуштен, а потоа не се вратил во затвор по одобрено отсуство.

Инцидент пред бар во близина на Атина, Грција
Пукотница се случила пред бар на плажа во Анависос, југоисточно од Атина, при што биле повредени најмалку две лица. Инцидентот се случил во раните утрински часови во неделата, по расправија меѓу група луѓе и обезбедувањето на локалот. Според снимките од безбедносните камери, албанскиот државјанин Алкет Ризај бил меѓу учесниците и наводно носел пиштол со кој пукал во воздух. Полицијата на местото пронашла две чаури и траги од крв, а двајца повредени биле пренесени во здравствен центар во Каливија. 20-годишен Грк се здобил со повреда од стакло, додека 41-годишен државјанин на Пакистан бил погоден во рамото од куршум, кој наводно рикошетирал од ѕид.
Ризај не се вратил во затвор по одобрено отсуство
Ризај бил уапсен по инцидентот, но потоа бил пуштен, а денеска дополнително се открило дека не се вратил во затворот Домокос по истекот на одобреното отсуство. Тој требало да се врати до 8:30 часот, по што затворската управа ја известила полицијата и започнала потрага по него. Сопственикот на барот бил уапсен под сомнение дека му помогнал да се сокрие, додека неговата сопруга била приведена поради сомнение дека дала лажна изјава. Ризај е познат на грчката јавност и по две спектакуларни бегства од затворот Коридалос со помош на хеликоптер, во 2006 и 2009 година.
