Македонија

ШАМПИОНИ НА БАЛКАНОТ: Македонските фудбалери со Даунов синдром со голем успех

Македонските спортисти со Даунов синдром освоија шампионски титули на Балканското првенство и остварија голем успех за земјава.

ШАМПИОНИ НА БАЛКАНОТ: Македонските фудбалери со Даунов синдром со голем успех

Состав од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост

Македонските спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост од ФК  „Карпошово“ остварија значаен успех на Балканското првенство, освојувајќи шампионски титули и достојно претставувајќи ја Македонија. Нивниот настап е потврда за посветеноста, упорноста и трудот што ги вложуваат во спортот. Успехот е значаен и за промоцијата на инклузивниот спорт, кој им овозможува на спортистите да ги покажат своите способности и да се натпреваруваат на меѓународна сцена.

Клубот е дел од проектот „Фудбал за сите деца“, кој се реализира со поддршка на ФФМ и Фондацијата за деца на УЕФА. Преку овој проект, децата и младите со интелектуална попреченост добиваат можност активно да спортуваат, да ги развиваат своите способности и да бидат дел од фудбалската заедница.

Триумфот во Софија испраќа важна порака за еднаквите можности во спортот. Со соодветна поддршка и пристап, лицата со попреченост можат да тренираат, да се натпреваруваат и да постигнуваат значајни резултати на меѓународната сцена.

Од Фудбалската федерација на Македонија им го честитаа успехот на фудбалерите на „Карпошово“, истакнувајќи ја гордоста од нивниот резултат и значењето на инклузијата преку спортот.

Даунов