Македонија
Дознај прв
Скопје вечерва ќе блесне повторно: „Силно светнал ден“ носи спектакл со над 120 уметници
Големиот спектакл „Силно светнал ден“ вечерва пристигнува во Скопје. Над 120 уметници ќе настапат на Плоштадот „Македонија“.

Скопје вечерва ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, посветен на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Настанот ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“ со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен.
„Силно светнал ден“
Преку музика, глума и танц, мултимедијалниот спектакл ќе ја раскаже приказната за изминатите три и пол децении, со осврт на најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања. Во програмата ќе учествуваат познати македонски изведувачи, актери и други уметници, а според најавите, во Скопје ќе настапат повеќе од 120 уметници.
Кулминација на караванот низ Македонија
„Силно светнал ден“ досега помина низ повеќе градови во земјава, како дел од музичкиот караван организиран во пресрет на 8 Септември. Завршниот скопски спектакл е замислен како голема кулминација на проектот и прослава на 35-годишниот јубилеј на независноста. Настанот започнува во 20 часот на Плоштадот „Македонија“, а граѓаните ќе можат да го проследат бесплатно.
