Македонија
Дознај прв
НА ФИЛИПЧЕ МУ СЕ СТЕМНИЛО ОД СПОТОТ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“: ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДСМ влегол во партиска пресметка
ВМРО-ДПМНЕ реагира на критиките на Венко Филипче за видеото „Силно светнал ден“, објавено по повод 35 години независност на Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се згрозени од, како што оценуваат, политичката некултура на Филипче и неспособноста на СДСМ да ги надмине партиските поделби дури и по повод јубилејот од независноста.
Спотот ги прикажува најзначајните моменти
Од партијата посочуваат дека во видеото нема партиски симболи или партиски пораки, туку се прикажани моменти и личности поврзани со историјата на независна Македонија. Во спотот е застапен и првиот претседател на државата, Киро Глигоров.
Полемика околу видеото
Филипче претходно реагираше на содржината на видеото, оценувајќи дека во него се прикажани достигнувања што, според СДСМ, се поврзани со политиките на оваа партија. Реакцијата на опозицијата отвори нова политичка полемика околу начинот на кој се одбележуваат 35 години независност, додека видеото на премиерот Христијан Мицкоски беше објавено под пораката „Силно светнал ден! 35 години независност“.
Ова е видеото за кое се зборува:
View this post on Instagram
