Македонија

25 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА: Сеќавање на осумтемина загинати брани

25 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА: Сеќавање на осумтемина загинати брани

На денешен ден се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, во кој животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата. На 10 август 2001 година, воен камион на АРМ нагазил на две противтенковски мини. Во настанот загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денеска се оддава почит на загинатите бранители и се одржуваат комеморативни активности во нивна чест. Делегации положуваат свежо цвеќе пред спомен-обележјата посветени на загинатите. Годишнината повторно потсетува на трагичните настани од 2001 година и на осумтемина припадници на Армијата кои ги загубија животите.