Македонија
Дознај прв
„НЕ МИ Е ЖАЛ ШТО ЌЕ УМРАМ, ЗАГИНАВ ЗА МАКЕДОНИЈА“: Последните зборови на бранителот Марјанчо Бошковски – Рамбо

На денешен ден во 2001 година, кај месноста Љуботенски Бачила, загинаа осум припадници на резервниот состав на АРМ, а осуммина беа повредени. Меѓу загинатите беше и Марјанчо Бошковски, познат меѓу соборците по прекарот Рамбо. Бошковски бил мобилизиран на 19 март 2001 година и со куси прекини постојано бил на позициите на Скопска Црна Гора. Само два дена пред трагедијата требало да се раздолжи и да се врати дома, бидејќи веќе му било подготвено решение за редовен работен однос во АРМ.
На 10 август, по враќањето од позициите, военото возило во кое се наоѓал настрадало во експлозија кај Љуботенски Бачила. Додека бил транспортиран кон болница, Марјанчо му рекол на лекарот: „Однесете ме дома“, а потоа додал дека знае дека му е крајот и сакал само да ги види мајка му и сестра му. Неговите последни зборови биле: „Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија“. Бошковски постхумно бил одликуван со медал за храброст од претседателот на Република Македонија.
