Македонија

35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ – „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ПОЧНУВА ОД ОХРИД: Голем спектакл и музички караван низ 11 градови

Од Охрид започнува „Силно светнал ден“, музички караван по повод 35 години независност на Македонија, кој ќе помине низ 11 градови и ќе заврши во Скопје.

35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ – „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ПОЧНУВА ОД ОХРИД: Голем спектакл и музички караван низ 11 градови

Во недела, 9 август, со почеток во 19:30 часот, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе започне музичкиот караван „Силно светнал ден“, организиран по повод 35 години од независноста на Македонија. Преку мултимедијален музичко-сценски спектакл што ги обединува музиката, глумата, танцот и поезијата, ќе биде претставена приказната за трите и пол децении независност, со осврт на значајни историски моменти, предизвици и достигнувања.

Главен лик, домаќин и раскажувач на проектот ќе биде Игор Џамбазов, а режијата ја потпишува Дејан Пројковски. На сцената во Охрид е најавено учество на повеќе од 30 македонски изведувачи од различни генерации и музички жанрови, меѓу кои Тамара Тодевска, Пере од „Нокаут“, Игор Дурловски, Елена Ристевска, Андријана Јаневска, Тони Зен, „Некст Тајм“, Таско и други.

По Охрид, караванот ќе продолжи во уште 10 градови низ државата, а големата завршница е закажана за 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што е најавено учество на повеќе од 120 уметници.