Македонија
Дознај прв
СТОЈНА ОД КРАТОВО ПОВТОРНО ПРИВЕДЕНА: Се обидела да наплати влезници за „Камени кукли“ и им се заканувала на скопјани
Стојна Димитровска од Кратово повторно е приведена по пријава дека се обидела да наплати влезници за „Камени кукли“ и им се заканувала на двајца скопјани.

Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца скопјани пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за туристичкиот локалитет „Камени кукли“ во Куклица, а потоа им се заканувала. Според Министерството за внатрешни работи, таа била лишена од слобода на 27 октомври, во 11:30 часот, по пријава од посетителите Р.П. и Ј.Б. од Скопје.
Стојна е пријавена за обид за наплата на влезници
„На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на локалитетот ‘Камени кукли’ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
И претходно имало пријави против неа
Димитровска и претходно била приведувана поради обиди за наплата на влезници од посетители на туристичкиот локалитет. Против неа имало и пријави за напад врз посетители, а најновиот случај повторно го отвора прашањето за проблемите со неовластената наплата на влез во популарната туристичка дестинација.
