Македонија
Дознај прв
ТОПОЛ БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Температурите ќе надминат 40 степени
Македонија ја очекува период на сончево и многу топло време. Утре температурите ќе достигнат до 39 степени, а за викендот наместа ќе надминат 40.

Утре температури до 39 степени
Под влијание на топол бран, во Македонија следува период на сончево и многу топло време. Утре ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 22 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 32 до 39 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб ветер, а температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 36 степени.
За викендот наместа над 40 степени
Многу топлото време ќе продолжи и во наредните денови, без позначителна промена на временските услови. Особено високи температури се очекуваат за време на викендот и во текот на следната работна седмица. Според најавата на УХМР, дневната температура во одредени делови од земјава ќе надмине 40 степени. За скопскиот регион е издадено жолто предупредување за екстремно високи температури, а и во следните седум дена се прогнозираат максимални вредности меѓу 36 и 38 степени. Граѓаните треба да бидат внимателни при подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот.
