Македонија
Дознај прв
ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Пронајден починат 40-годишен маж во Аеродром
Четириесетгодишен маж е пронајден починат во скопската населба Аеродром. Телото е предадено на обдукција, а полицијата го истражува случајот.

Во скопската населба Аеродром денеска бил пронајден починат 40-годишен маж.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје, по што на местото излегле полициски екипи и јавен обвинител.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
