Свет

ТРАМП ВЛЕГУВА ВО НОВА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Ќе разговара со Путин и Зеленски за прекин на војната

Доналд Трамп денеска ќе разговара со Путин и Зеленски во обид да се отвори патот кон прекин на војната и нов мировен процес.

ТРАМП ВЛЕГУВА ВО НОВА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Ќе разговара со Путин и Зеленски за прекин на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе оствари одделни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски, во обид да се отвори патот кон прекин на воените дејствија. Разговорите следуваат по интензивните средби на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер со украинската страна во Киев. Вашингтон се обидува да ги усогласи ставовите на Москва и Киев и да создаде услови за продолжување на мировниот процес. Кушнер порача дека Трамп е решен да најде начин за итно завршување на војната.

ТРАМП РАЗГОВАРА СО ДВАТА ЛИДЕРА

По разговорот со Путин, американскиот претседател треба да стапи во контакт и со Зеленски, а исходот од двете комуникации ќе биде важен за понатамошниот тек на дипломатските напори. Украинската страна инсистира секој мировен план да содржи конкретни безбедносни гаранции, додека дополнителни состаноци се очекуваат и со претставници на Франција, Германија и Велика Британија.

НОВ ОБИД ЗА ОТВОРАЊЕ НА МИРОВНИОТ ПРОЦЕС

Американските напори доаѓаат во момент кога мировните преговори се обидуваат повторно да се активираат по повеќемесечен застој. Кремљ денеска соопшти дека не ја исклучува можноста за продолжување на преговорите меѓу Русија, Украина и САД, иако сè уште нема договор за конкретна средба.