Македонија

ТРИ ПОЖАРИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ: Огнот зафати шума, грмушки и сува трева во повеќе општини

Во Македонија се активни три пожари на отворено, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, информира ЦУК.

ТРИ ПОЖАРИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ: Огнот зафати шума, грмушки и сува трева во повеќе општини

До 18 часот денеска на територијата на Македонија биле евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари во Пробиштип, Куманово и Петровец

Активен е пожарот во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума. Пожар има и во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на потегот од Горно Коњари кон Винце во Општина Петровец, каде што огнот зафатил сува трева, грмушки и шума. Под контрола е ставен пожарот над депонијата во Росоман, на подрачјето на Општина Кавадарци, каде што горела сува трева.

Целосно изгаснати осум пожари

Во меѓувреме, целосно се изгаснати осум пожари регистрирани меѓу селата Српци и Беранци во Општина Могила, кај Бојаџиина Чешма во Велес, кај „Генц Комерц“ и во селото Делогожда во Општина Струга, во селото Студеничани, во селото Неготино во Општина Врапчиште, кај Споменик-костурницата во Куманово и на патниот правец од селото Миравци кон селото Петрово во Општина Гевгелија.

ОЗНАКИ: пожари
Жан Митрев