Хроника
Дознај прв
УАПСЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА: Со „голф“ се движел по автопатот Скопје – Велес
Полицијата го уапси 39-годишниот возач кој со „голф“ се движел во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи денеска го лишиле од слобода 39-годишниот М.Ш. од тетовското село Челопек. Тој се сомничи дека на 2 август околу 19:20 часот со автомобил „голф“, со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес. Опасното возење било забележано од очевидци, а фотографии од возилото биле објавени и на социјалните мрежи. Со своето однесување возачот директно ја загрозил безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Ќе одговара за безобѕирно управување со возило
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава. Тој ќе одговара по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“. Осомничениот ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител. Од МВР повторно апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се спречат несреќи и да се зголеми безбедноста на патиштата.
