Македонија

(ВИДЕО) Долги колони на Богородица, се чека околу два часа за влез во Грција

На граничниот премин Богородица утрово се бележат зголемени гужви за влез во Грција. Според информациите од терен, времето на чекање е околу два часа.

(ВИДЕО) Долги колони на Богородица, се чека околу два часа за влез во Грција

Гужви на ГП Богородица

На граничниот премин Богородица утрово се бележат зголемени гужви за влез во Грција. Според информациите од терен, времето на чекање е околу два часа. Создадени се подолги колони од возила на преминот. Возачите во моментов се соочуваат со забавено одвивање на сообраќајот при влез во соседната земја. На излез од Македонија кон Грција има зголемена фреквенција на возила. Состојбата е особено изразена во утринските часови.