Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЗА СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС: 63 години сеќавање, почит и солидарност
Вечерва во градскиот парк се одржува концертот ,,Скопје радост моја“. Тоа не е прослава на еден настан, туку почит кон животот што победи.

Вечерва во градскиот парк се одржува концертот ,,Скопје радост моја“. Тоа не е прослава на еден настан, туку почит кон животот што победи.
Кон сите генерации што не дозволија трагедијата да го одземе духот на Скопје, туку продолжија да создаваат, да се дружат, да сонуваат и да градат подобар град.
Драган Мијалковски
Со безвременските песни на Драган Мијалковски скопјани се потсетија на едно Скопје кое знаеше да ја претвори тишината во музика, а болката во сила.
Со истата љубов продолжуваме да го градиме Скопје – похумано, помодерно и полно со живот.
