Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ДВЕ ВОЗИЛА УНИШТЕНИ: Пожар избувна утринава на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир
Две возила изгореа во пожар што избувнал утринава околу 4 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.

Две возила изгореа во пожар што избувнал утринава околу 4 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Огнот зафатил две паркирани возила, а на местото интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Пожарот бил навреме изгаснат, со што било спречено негово понатамошно ширење. Засега нема информации за повредени лица. Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати. Од настанот е објавена и видео-снимка од Алсат.мк.
