Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „KING IS BACK“: Со огномети, петарди и факели се слави слободата на Артан Груби

Со огномети, петарди и факели, стотици поддржувачи на ДУИ вечерва слават во Чаир по пуштањето на Артан Груби на слобода. Со зборовите „King is back“ кои се слушаат на почетокот на видеото се одбележува неговото излегување од домашен притвор. Груби подолг период беше во бегство, по што се врати во државата и беше ставен во домашен притвор. Од денеска тој е на слобода, но со одредени ограничувања. Пасошот му е одземен, а не смее да го напушта Скопје. Славењето во Чаир се одвива во присуство на стотици негови поддржувачи.
View this post on Instagram