Македонија

(ВИДЕО) „КОНЕЧНО СЕ ЧУВСТВУВАМ БЕЗБЕДНО“: Ива Михајлова пребега во Бугарија, знак прашалник е како ја поминала границата

(ВИДЕО) „КОНЕЧНО СЕ ЧУВСТВУВАМ БЕЗБЕДНО“: Ива Михајлова пребега во Бугарија, знак прашалник е како ја поминала границата

Ива Михајлова од Кочани се наоѓа во бугарската болница „Пирогов“ во Софија, откако заминала од Македонија, објавуваат бугарските медиуми. „Конечно се чувствувам безбедно“, изјавила таа по пристигнувањето во Бугарија. Бугарското Министерство за внатрешни работи најавило дека ќе проверува кога, како и на кој граничен премин Михајлова ја напуштила Македонија. Нејзиното заминување отвора прашања за околностите под кои ја преминала границата, имајќи предвид дека во Македонија се води постапка поврзана со тешката сообраќајна несреќа во која таа беше повредена. Во несреќата имаше и загинати лица од другото возило.

Случајот предизвика внимание и поради нејзините барања за лекување во Бугарија, кои претходно беа предмет на постапување пред македонските институции. Бугарските власти сега треба да ги разјаснат околностите околу нејзиното преминување на границата.

Извор: Новините на NOVA