Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) НАМЕСТО НА ОТКУП, ПОД ТРАКТОР: Земјоделците бесни поради цената од 15 денари за килограм пиперки
Земјоделците од Канатларци го уништуваат родот од пиперки поради ниската откупна цена од 15 денари за килограм.

Родот станува неисплатлив
Наместо да завршат на откуп, дел од пиперките годинава завршуваат под трактор, бидејќи земјоделците се револтирани од ниската откупна цена. За килограм пиперки им се нудат само 15 денари, сума која, според производителите, не ги покрива ниту вложените средства и труд. Низ нивите во Канатларци може да се види и сликата на уништениот род, а земјоделецот Реџеп Арифиски одлучил под трактор да ги уништи пиперките наместо да ги предаде на откуп.
Очекувале речиси трипати повисока цена за пиперки
Земјоделците велат дека очекувале прва класа да се откупува за околу 40 денари за килограм, додека прва-втора класа и пиперката за индустрија требало да достигнат околу 30 денари. Со сегашната цена од 15 денари, производството за нив станува неисплатливо, па дел од производителите наместо да го берат и транспортираат родот до откупните пунктови, го оставаат да скапува или го уништуваат на нивите. „Ова е нашиот род и нашиот труд“, порачуваат револтираните земјоделци, барајќи реална откупна цена и услови во кои нивниот труд ќе може да се исплати.
