Македонија

(ВИДЕО) РАДИКА НЕ Е ДЕПОНИЈА: Дебар го пронајде и санкционираше човекот кој фрлаше отпад во реката

Пронајдено и санкционирано е лицето кое фрлаше отпад во реката Радика. Општина Дебар најави засилени контроли и нови санкции.

(ВИДЕО) РАДИКА НЕ Е ДЕПОНИЈА: Дебар го пронајде и санкционираше човекот кој фрлаше отпад во реката

Загадување на Радика

Лицето кое беше снимено како фрла отпад во реката Радика е пронајдено и санкционирано, информира Општина Дебар. По јавно објавената снимка, на терен излегле општинскиот инспекторат и други надлежни институции. На видеото се гледа како маж со возило застанува на мостот и фрла вреќи со ѓубре и кутии во реката.

Најавени се нови контроли

Од Општина Дебар порачаа дека ова е само почеток на поодлучен пристап кон загадувањето на животната средина. Најавуваат дека секој што ќе фрла отпад во Радика, на јавни површини или на други места ќе се соочи со законски санкции. Од Општината нагласуваат дека ќе продолжат со контролите и конкретните активности за почист Дебар.

Жан Митрев