Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ОДЗЕМЕНИ ШЕСТ ВОЗИЛА И СТАН ОД АЛЕКСАНДАР ЛАЗАРОВ: Се проверува дали имотот е стекнат со криминални активности
Од Александар Лазаров од Кочани се привремено одземени шест возила и стан поради сомнение дека имотот бил стекнат со криминални активности.

Шест патнички возила и недвижен имот се привремено одземени од Александар Лазаров од Кочани, поради основано сомнение дека биле стекнати со криминални активности. Акцијата денеска ја спровело Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани.
Привремено одземени шест автомобили
Од МВР информираат дека, покрај доказите поврзани со непосредно извршување кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, биле обезбедени и бројни докази за потеклото на имотот со кој располага Лазаров.
По одлука на Основниот суд Кочани, определени се привремени мерки за обезбедување на имотот. Привремено се одземени шест патнички возила од марките „џип“, „порше“, „фолксваген“, „ауди“ и „бмв“, како и возило „пасат“.
Под мерки за обезбедување и недвижен имот
Покрај автомобилите, привремено е одземен и недвижен имот, односно стан. Надлежните се сомневаат дека движниот и недвижниот имот бил стекнат преку криминални активности, но тоа треба да биде утврдено во понатамошната постапка.
Од ОВР Кочани соопштија дека продолжуваат со преземање мерки и активности за проверка на законитоста и потеклото на имотот.
