Македонија

(ВИДЕО) ПО ТРИ ДЕНА БОРБА ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ РАЕЦ: Јанчев им се заблагодари на пожарникарите и доброволците

По три дена непрекината борба целосно е изгаснат пожарот кај селото Раец, а градоначалникот Митко Јанчев им се заблагодари на сите што учествуваа во гаснењето.

(ВИДЕО) ПО ТРИ ДЕНА БОРБА ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ РАЕЦ: Јанчев им се заблагодари на пожарникарите и доброволците

Пожарот што три дена беснееше во атарот на кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, соопшти вечерва градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој наведе дека огнената стихија е совладана по тридневна непрекината, макотрпна и пожртвувана работа на сите што учествувале во интервенцијата.

„Заедно покажавме дека кога сме обединети можеме да се справиме и со најголемите предизвици“, порача Јанчев.

Градоначалникот нагласи дека во изминатите тешки денови повторно дошле до израз солидарноста, храброста и пожртвуваноста на сите што деноноќно се бореле со пожарот.

Тој упати благодарност до територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино, ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Општата болница Кавадарци, Шумското стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата, ОВР Кавадарци и Граничната полиција – Југ.

Јанчев им се заблагодари и на доброволните противпожарни друштва, доброволците и жителите на селата Раец и Дреново, кои помогнале во справувањето со огнената стихија.

Според него, нивната храброст, несебична поддршка и пожртвуваност биле од непроценливо значење за успешно надминување на сериозната состојба.