Регион

(ВИДЕО) 27.000 ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ НА ТОМПСОН: Во Шибеник одекнуваше „За дом спремни“ и „Анице, книнска кралице“

Факели, националистички песни, бројна публика, многу млади луѓе, контроверзни слогани. Вечерва Томпсон за првпат по 13 години настапи во Шибеник. Погледнете дел од атмосферата преку видеата кои нашата редакција ги презеде од хрватските медиуми.

(ВИДЕО) 27.000 ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ НА ТОМПСОН: Во Шибеник одекнуваше „За дом спремни“ и „Анице, книнска кралице“

Околу 27.000 луѓе присуствуваа на вечерашниот голем концерт на Марко Перковиќ Томпсон на стадионот „Шубиќевац“ во Шибеник, одржан во пресрет на годишнината од операцијата „Олуја“. Концертот го отвори со контроверзната песна „Бојна Чавоглаве“, при што од публиката одекнуваше спорниот усташки поздрав „За дом спремни“, а веднаш потоа беше изведена и „Анице, книнска кралице“.

Низ стадионот се вееја хрватски знамиња, додека дел од посетителите запалија бакли и покрај претходните предупредувања од пожарникарите поради зголемената опасност од пожари. Томпсон емотивно им се обрати на присутните, им се заблагодари на хрватските бранители и ги нарече свои херои.

Тој посебно го истакна присуството на младите генерации, кои, како што рече, треба да го чуваат она што било создадено. Во продолжение беа изведени песните „Бог и Хрвати“, „Долазак Хрвата“, „Дух ратника“ и други негови познати хитови. Ова беше прв концерт на Томпсон во Шибеник по 13 години.