Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) СТОТИЦИ ВЕРНИЦИ УТРОВО ГО ИСКАЧИЈА ВРВОТ ГОЛЕМ КРЧИН: На 2.341 метар се одржа богослужба

Стотици верници, планинари и љубители на природата утрово се искачија на врвот Голем Крчин, каде беше одбележан верскиот настан со богослужба. Врвот се наоѓа на 2.341 метар надморска височина и е највисок на планината Крчин во дебарскиот крај. На ова место некогаш се наоѓал храм посветен на Преображението Господово, од кој денес останале само остатоци.
Традицијата на служење литургија на врвот започнала во 2016 година, по осум децении пауза. Во досегашните одржувања присуствувале верници, планинари, алпинисти и спортисти. Голем Крчин е дел од планинскиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.
Видеото за 24часа го направи Благојче Николоски:
View this post on Instagram
