Дознај прв
(ВИДЕО) СУЛЕЈМАНИ ЗА „СЕКСИ МАМА“ ВО МАКЕДОНИУМ: Случајот е чувствителен, директорите да внимаваат што изнајмуваат

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани се огласи за снимањето на спотот за песната „Секси мама“ во „Македониумот“ во Крушево. Тој оцени дека станува збор за чувствителен случај и посочи дека допрва треба да се разгледаат правните аспекти. Сулејмани рече дека директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и да знаат каква содржина ќе се продуцира во нив. Министерот додаде дека за случајот дознал утрово и дека во моментот нема детални информации. Тој најави дека ќе се консултира со правните служби и ќе се разгледа што понатаму може да се преземе. „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство, бил отстапен за 500 евра на продукцијата на косовскиот рапер Дон Џони за снимање делови од спотот.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
