Регион

ВИДЕО – ТРАГЕДИЈА ДОДЕКА БЕСНЕАТ ПОЖАРИТЕ: Тројца пожарникари загинаа во Грција

Тројца пожарникари загинаа додека траат големите шумски пожари во Грција – двајца на островот Крит и еден на полуостровот Пелопонез.

ВИДЕО – ТРАГЕДИЈА ДОДЕКА БЕСНЕАТ ПОЖАРИТЕ: Тројца пожарникари загинаа во Грција

Двајца загинаа на Крит, трет на Пелопонез

Грција е завиена во црно откако тројца пожарникари починаа во екот на борбата со големите шумски пожари што беснеат на островот Крит и на полуостровот Пелопонез. Според грчките медиуми, двајца од пожарникарите загинале на Крит, додека третиот бил пронајден во бесознание во близина на пристаништето Гитио на Пелопонез. И покрај интервенцијата на колегите и итната медицинска помош, нивните животи не можеле да бидат спасени. Пожарникарските екипи веќе неколку дена водат тешка битка со пламените јазици, чие ширење е поттикнато од високите температури и силниот ветер.

Евакуирани повеќе населени места

Пожарите и понатаму претставуваат сериозна опасност во повеќе делови од Грција, а надлежните се обидуваат да ги стават огнените фронтови под контрола. Голем број населени места превентивно биле евакуирани за да се заштитат жителите и туристите. Во акциите за гаснење се вклучени стотици пожарникари, воздушни сили и волонтери. Властите предупредуваат дека силниот ветер и екстремно високите температури значително ја отежнуваат работата на екипите на терен. Смртта на тројцата пожарникари предизвика силни реакции и нов бран сочувство во грчката јавност.

 

ОЗНАКИ: грција