Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) УЧЕНИЦИТЕ ОД „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ СЕ ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: Средношколскиот оркестар може да настапи во Њујорк!?
Учениците од гимназијата „Орце Николов“ имаат можност за настап во Њујорк, каде нивниот средношколскиот оркестар ќе ја претстави македонската музика. Погледнете како ја свират песната „Послушајте патриоти“.

Младинскиот оркестар на гимназијата „Орце Николов“ од Скопје има можност во септември 2026 година да настапи со самостоен концерт во Њујорк и да ја претстави Македонија на меѓународната сцена.
Ова доаѓа по големиот успех на Меѓународниот натпревар за млади оркестри, каде оркестарот освои прво место со почесни заслуги. Младите музичари ја претставуваат македонската народна музика преку современи аранжмани, носејќи дел од македонската традиција пред светската публика. Оркестарот брои 23 музичари и четири соработници, а шеф-диригент и главен аранжер е ученикот Марко Балоски.
Во изминатиот период, тие реализирале самостојни концерти, хуманитарни настапи и настапи на државни културни манифестации. Редакцијата на 24часа објавува исечок од нивен настап и изведбата на песната „Послушајте патриоти“. Слушнете како звучи младоста која ја носи Македонија на светската сцена.
View this post on Instagram
Целосната верзија на настапот може да ја погледнете во продолжение:
Секое физичко или правно лице кое сака да ги поддржи младите музичари за настапот во Њујорк, може да им пише во порака.
