Скопје

(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ: Оркестарот на „Орце Николов“ ќе настапи во Њујорк

Градот Скопје ќе му даде поддршка на оркестарот при гимназијата „Орце Николов“, кој на 5 и 6 септември ќе настапи во Њујорк.

(ВИДЕО) ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ: Оркестарот на „Орце Николов“ ќе настапи во Њујорк

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Градот Скопје ќе обезбеди поддршка за оркестарот при гимназијата „Орце Николов“, кој во септември треба да настапи во Њујорк.

Настапи во престижни концертни сали

Младите музичари добија покана да настапат во престижни концертни сали на 5 и 6 септември, откако освоија прво место со почесни заслуги на меѓународен музички натпревар. Оркестарот се претставил со репертоар составен исклучиво од македонска народна музика.

Ѓорѓиевски се сретна со членовите на оркестарот и порача дека тие се вистински амбасадори на македонската музика, култура и традиција. Тој нагласи дека Градот Скопје ќе застане зад младите музичари и ќе помогне во реализацијата на нивното патување и настапите во САД.

Македонската музика ќе одекне во Њујорк

Оркестарот е формиран во 2024 година, а за само две години одржал четири големи концерти. Македонската народна музика во Њујорк ќе биде претставена преку автентични аранжмани подготвени од шеф-диригентот Марко Балоски.

Од оркестарот претходно побараа финансиска поддршка од институциите, компаниите и општествено одговорните организации, со цел да се обезбедат потребните средства за патувањето. Настапите во Њујорк ќе бидат можност младите музичари да ја претстават Македонија и нејзиното богато музичко наследство пред меѓународната публика.