Магазин
Дознај прв
ПО ТРЕТ ПАТ ТАТКО – Дамјан Стојаноски ја сподели најубавата семејна вест, се роди Ева
Фолк-пејачот Дамјан Стојаноски по трет пат стана татко. Неговата сопруга Елена роди девојче кое го доби името Ева.

Македонскиот фолк-пејач Дамјан Стојаноски по трет пат стана татко
Откако неговата сопруга Елена роди девојче кое го доби името Ева. Среќната вест пејачот ја сподели на социјалните мрежи, откривајќи дека новиот член на семејството пристигнал на посебен ден за нив.
Троен повод за славење во семејството
Ева се родила на роденденот на нејзината мајка Елена и на именденот на Дамјан, поради што семејството отсега ќе има троен повод за славење на истиот датум.
„Денес, на роденденот на мојата Елена и на мојот именден, ни се роди нашата трета радост Ева“, соопшти Стојаноски во објавата.
Војдан и Јана добија сестричка
Радоста ја сподели и мајката на пејачот, Евица Камберова Стојановска, која порача дека нејзиното семејство се збогатило со уште еден член и дека по трет пат станала баба.
Дамјан и Елена веќе ги имаат децата Војдан и Јана, кои сега добија помала сестричка. Пејачот веќе неколку години е во брак со Елена, која потекнува од Кичево.
