Скопје

(ВИДЕО) ОД МАКЕДОНИЈА ДО ГОЛЕМОТО ЈАБОЛКО: Оркестарот на„Орце Николов“ приреди музички спектакл во Њујорк

Оркестарот „Орце Николов“ со македонскиот мелос и седумосминскиот такт настапи во Њујорк, предизвикувајќи громогласен аплауз и емоции.

(ВИДЕО) ОД МАКЕДОНИЈА ДО ГОЛЕМОТО ЈАБОЛКО: Оркестарот на„Орце Николов“ приреди музички спектакл во Њујорк

Македонска музика во срцето на Големото јаболко

Една од најпрестижните камерни сали во Њујорк одекна со звуците на македонскиот мелос и нашиот препознатлив седумосмински такт. Оркестарот на „Орце Николов“ пред њујоршката публика ги изведе добро познатите македонски песни „Налеј“, „Распукала Шар Планина“, „Послушајте патриоти“, „Македонско Трио“ и „Бисер Балкански“. За помалку од 30 минути, присутните имаа можност да се запознаат со богатството на македонската народна музика и енергијата со која настапи оркестарот.

Громогласен аплауз за оркестарот на Орце Николов

Настапот беше проследен со громогласен аплауз, а кај дел од македонската публика во салата имало и солзи од емоции и гордост. Од оркестарот велат дека настапот во Њујорк е доказ дека со упорна работа, верба и сон можат да се остварат и најголемите желби. Посебна порака испрати и шеф-диригентот, потсетувајќи на старата македонска изрека дека „каменот тежи најмногу на своето место“. Со овој настап „Орце Николов“ уште еднаш покажа дека македонската народна музика може да ги поврзе луѓето и илјадници километри од Македонија.