Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ВОДНО ДОБИВА НОВ ЛИК: Поставено осветлување, нов асфалт и заштитни огради
Водно срцето на Скопје добива ново ЛЕД осветлување, нов асфалт, заштитни огради и уредени патеки за посетителите.

Водно, едно од најомилените места за рекреација, прошетки и одмор на скопјани, добива ново уредување и подобри услови за посетителите. На потегот од Сеизмолошката станица до патот кон Сончев Град за првпат се поставува ново ЛЕД осветлување, со што овој дел ќе биде побезбеден и поуреден за граѓаните. Покрај осветлувањето, поставени се и нови заштитни огради, изведен е нов асфалт, а дополнително се уредени патеките, клупите и летниковците. Овие активности имаат цел да го разубават просторот и да овозможат подостоинствено користење на Водно како јавен простор.
Водно како место за рекреација и одмор
Водно со години е симбол на Скопје и место каде граѓаните доаѓаат за мир, спорт, семејни прошетки и поглед кон градот. Новите интервенции треба да го направат овој дел попристапен и побезбеден, особено за оние кои го посетуваат во попладневните и вечерните часови. Со поставувањето на ЛЕД осветлувањето, се подобрува и функционалноста на просторот, но и чувството на сигурност кај посетителите.
Апел до граѓаните да се чува просторот
Од надлежните се порачува дека Водно заслужува грижа, а скопјани заслужуваат убави, безбедни и уредени јавни простори. Граѓаните се повикуваат да го посетуваат, да уживаат во него, но и да го чуваат. Водно не е само излетничко место, туку едно од најпрепознатливите обележја на градот и простор кој им припаѓа на сите.
