Скопје

Водно доби нов моторички парк: Паднатите дрвја добија нов живот

Водно доби нов моторички парк изграден од паднати дрвја по невремето, а вакви паркови ќе има и во Гази Баба и Сарај.

Водно доби нов моторички парк: Паднатите дрвја добија нов живот

Водно со нова содржина за сите генерации

Водно од денес е побогато со нов моторички парк, наменет за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации. Паркот е изграден од здравите стебла од паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје, со што наместо отпад, тие добија нова и корисна намена. Просторот содржи природни препреки и реквизити за развивање рамнотежа, координација, агилност, прецизност и физичка подготвеност.

Следуваат паркови и во Гази Баба и Сарај

Најавено е вакви моторички паркови да бидат изградени и во Парк-шумата Гази Баба и во Сарај. Во меѓувреме, на местата каде што биле отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе започне голема есенска акција за пошумување на Скопје. Во рамки на уредувањето на Водно е реконструиран и патот до Средно Водно, а се уредуваат патеките и се обновува урбаната опрема. На Водно и Матка веќе функционира и Планинската спасителна служба, со цел поголема безбедност за посетителите.