Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) ВУЧИЌ ГИ ПРЕТСТАВИ МИЛУТИН И ДРАГУТИН: РОБОТИ ВО НАРОДНА НОСИЈА ЌЕ ИГРААТ „МОРАВАЦ“

Роботи во народна носија на собирот во Белград
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги претстави роботите Милутин и Драгутин, кои ќе настапат на собирот закажан за 27 јуни во Белград. Роботите се облечени во српска народна носија и носат шајкачи, а во видеото објавено на Инстаграм играат традиционално српско оро „Моравац“. Вучиќ порача дека тие претставуваат спој на традицијата и модерна Србија.
„Играат подобро од мене“
Во објавата, Вучиќ се пошегува дека роботите играат „Моравац“ подобро од него, додека накратко им се придружи во играта. Собирот ќе се одржи на платото пред Народното собрание, со почеток во 18 часот. Вучиќ ги повика граѓаните, особено младите, да присуствуваат на настанот. Како што е најавено, на собирот ќе биде претставено и најголемото српско знаме, а за најмладите посетители ќе има посебна детска програма.
