Скопје
Дознај прв
ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ: Испитани 390 примероци од 45 мерни места
Анализите на 390 примероци земени од 45 мерни места потврдија дека водата во Скопје е технички и микробиолошки исправна за пиење.

Водата што ја користат граѓаните на Скопје е технички и микробиолошки исправна и безбедна за пиење. Ова го потврдуваат најновите лабораториски мерења извршени од Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Анализите покажале дека сите испитани параметри се во рамките на дозволените граници.
Земени примероци од 45 мерни места
Во периодот од 20 до 24 јули биле земени вкупно 195 примероци за физичко-хемиска анализа и уште 195 примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле собрани од 45 различни мерни места низ Скопје, со цел детално да се провери квалитетот на водата во повеќе делови од градот. Резултатите не покажале отстапувања што би ја довеле во прашање нејзината безбедност.
Неделните извештаи редовно се објавуваат
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека неделните извештаи за безбедноста на водата редовно се објавуваат заради транспарентно информирање на јавноста. Контролите го опфаќаат физичко-хемискиот и микробиолошкиот состав на водата за пиење. Според последните резултати, скопјани можат безбедно да ја користат водата од градскиот водовод.
