Спорт
Дознај прв
ЧУРЛИНОВ ПОВТОРНО ВО ПОЛСКАТА ЛИГА: Погон Шчеќин го финализира трансферот
Дарко Чурлинов е блиску до трансфер во Погон Шчеќин, откако го раскина договорот со Коџаелиспор и пристигна на преговори во Полска.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е блиску до трансфер во полскиот клуб Погон Шчеќин. Преговорите меѓу двете страни се наоѓаат во завршна фаза, а Чурлинов веќе пристигнал во Шчеќин за да го комплетира договорот. Засега нема официјална потврда од клубот, но полските медиуми пишуваат дека реализацијата на трансферот е многу блиску.
Го раскина договорот со Коџаелиспор
Чурлинов неодамна ја заврши соработката со турски Коџаелиспор, по што стана слободен фудбалер. За неговиот потпис бил заинтересиран и полски Видзев Лоѓ, но договор не бил постигнат, па Погон ја искористил ситуацијата и започнал преговори со македонскиот офанзивец. Според полските извори, условите што му ги понудил Погон се слични, но нешто пониски од понудата на Видзев.
Повторно ќе настапува во полската лига
За Чурлинов ова би претставувало враќање во полската Екстракласа, каде што претходно го носеше дресот на Јагелонија. Во кариерата настапуваше и за Штутгарт, Шалке, Барнли и Коџаелиспор, а може да игра на повеќе позиции во нападот. Погон го гледа македонскиот репрезентативец како значајно засилување во офанзивниот дел од тимот.
