Хроника

ВОЗЕЛ БЕЗ ВОЗАЧКА И ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКА ВО ТЕТОВСКО: Тешко повредени две жени, повредено и тригодишно дете

Возач без возачка дозвола предизвикал сообраќајка кај Требош. Тешко се повредени две жени, а повредени се уште едно лице и тригодишно дете.

ВОЗЕЛ БЕЗ ВОЗАЧКА И ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКА ВО ТЕТОВСКО: Тешко повредени две жени, повредено и тригодишно дете

Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Требош бил лишен од слобода, откако управувајќи автомобил без возачка дозвола предизвикал сообраќајна несреќа. Несреќата се случила околу 22 часот на регионалниот пат кон селото Требош. Во судирот учествувале автомобил „голф“, управуван од С.Г. (25), и „мерцедес“, управуван од Т.С. (80) од селото Палатица.

Две жени се здобиле со тешки повреди

Тешки телесни повреди добиле две сопатнички во „мерцедесот“ – Р.С. (77) од Палатица и С.И. (49) од Тетово. Со телесни повреди се здобиле уште едно лице на возраст од 46 години и тригодишно дете. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Возачот бил приведен

Од СВР Тетово информирале дека 25-годишникот го управувал автомобилот без положен возачки испит, со што сторил кривично дело според Кривичниот законик. Тој веднаш бил лишен од слобода, а полициска екипа извршила увид на местото на несреќата. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.