Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ СКОПЈЕ: Епицентарот бил на 11 километри североисточно од градот

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер вечерва беше почувствуван во Скопје. Епицентарот бил на 11 километри североисточно од градот.

ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ СКОПЈЕ: Епицентарот бил на 11 километри североисточно од градот

серваторија информираат дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица. Поради слабата магнитуда, потресот траел кратко, но бил доволно забележлив за да вознемири дел од граѓаните.

Епицентарот на длабочина од 15 километри

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 21:53 часот, а епицентарот бил на околу 11 километри североисточно од Скопје, во поширокиот пограничен регион меѓу Македонија, Косово и Србија. Потресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри. Надлежните сеизмолошки служби продолжуваат да ја следат состојбата.

ОЗНАКИ: земјотрес