Хроника

66-ГОДИШНИК ОД КОЧАНСКО ДАЛ 18.000 ЕВРА: Го убедиле дека во домот има „црна магија“

66-годишен жител на кочанско село бил измамен за 18.000 евра откако лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“.

66-ГОДИШНИК ОД КОЧАНСКО ДАЛ 18.000 ЕВРА: Го убедиле дека во домот има „црна магија“

Лицата му кажале дека има црна магија во домот

Шеесет и шестгодишен жител на кочанско село пријавил дека бил измамен за 18.000 евра, откако неколку лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“. Според пријавеното, на 24 септември околу 23 часот лицата дошле во неговиот дом и со лажни тврдења го довеле во заблуда. Тие му кажале дека во куќата има „црна магија“ и дека за да ја отстранат треба да им ги даде сите пари што ги поседува. Верувајќи им, 66-годишникот им ги предал 18.000 евра, по што лицата го напуштиле домот. Откако заминале, тој сфатил дека бил измамен и случајот го пријавил во ОВР Кочани.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Од СВР Штип информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на лицата кои ја извршиле измамата.

ОЗНАКИ: мвр